29 Ноември, 2024
0.0334

Средба Азески-Рафуна во Приштина: Клучна опасност за економиите е прашањето на инфлацијата и владеење на правото каде сѐ се удира врз грбот на бизнис секторот

Објавено во: Економија 08 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Инфлацијата, енергетиката, зелената агенда но и новите иницијативи за елиминирање на административните пречки во регионот на Западен Балкан и постепено приклучување на компаниите кон единствениот пазар на ЕУ беа во фокусот на разговорите на денешната средба во Приштина меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседателот на КИФ Лулзим Рафуна, кој истовремено е и претседател на Стопанската комора на Косово.

На работната средба беа отвори праша за билатералната соработка меѓу двете земји, но акцент беше ставен на улогата што ја има КИФ, како асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, која претставува повеќе од 350.000 компании.

„Клучна опасност за економиите во овој момент е прашањето на инфлацијата, посебно увезената инфлација, нефункционирањето на пазарната економија, прашањето за владеење на правото, каде сѐ се удира врз грбот на бизнис секторот. Затоа од клучна важност е регионалниот пристап и здружувањето. Предлагам во рамки на КИФ, како претставник на приватниот сектор во регионот, да донесеме заедничка декларација, која ќе биде усвоена следниот месец и каде ќе излеземе со конкретни барања кои ќе бидат упатени до сите влади од шестте економии на земјите од Западен Балкан. “, нагласи Азески.

Претседателот на КИФ Рафуна ја прифати иницијативата и на прес-конференцијата пред медиумите изјави дека е посветен на остварувањето на целите во новата стратегија на КИФ кои дефинираат подобрување на регионалната соработка, дигитализација, образование и обука, Зелена агенда на ЕУ.

За компаниите од регионот од клучно значење е и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ, и примената на т.е. „принцип на инклузивно проширување“, кој КИФ го предлага години наназад, а кој би овозможил во определени области, на компаниите од Западен Балкан да им се даде третман како да се дел од внатрешниот пазар на ЕУ. На овој начин, компаниите од регионот ќе можат да ги користат придобивките од економската интеграција со ЕУ и пред формалното завршување на процесот на приклучување кон Европската Унија.

Податоците покажуваат дека во споредба со 2017 година (кога првпат започна да се формализира процесот на регионална економска соработка со усвојувањето на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област во рамки на Берлинскиот процес) трговијата со стоки во регионот пораснала од 5.2 на 6.9 милијарди евра, трговијата со услуги од 2.0 на 2.9 милијарди евра, а интрарегионалните инвестиции од 98.6 на 257 милиони евра, и потврдуваат дека за компаниите од регионот локалните пазари се многу важни, заради блискоста, познавањето на пазарите, но и постојните бизнис релации. Но овој раст на соработката е скромен во споредба со потенцијалите, кога би се реализирала економска интеграција на регионот и спроведување на 4те слободи (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал без препреки низ целиот регион), што би довело до  неколкукратно зголемување на стапките на раст за економиите од регионот на Западен Балкан.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични