26 Ноември, 2024
0.0264

Среде пандемија медицинските сестри работеа за 12.000 денари, сега ќе добијат редовно вработување, Бешлиовска за Фактор

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

По сериозен притисок и постојан апел на Унијата на ЗМТАС, медицинските сетри кои повеќе од девет месеци се во средиштето на епидемијата на Ковид19 и прават натчовечки напори во негувањето и грижата за пациентите болни од корона вирусот да добијат редовни вработувања, конечно имаат позитивен исход. Во разговор за Фактор, претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска, открива дека во повеќе здравствени институции веќе има огласи за редовно вработување на медицински сестри.

-Среде пандемија дел од сестрите го изразија нивното незадоволство од условите на работа со тоа што дадоа откази од јавните здравствени установи и заминаа да работат во некои од приватните болници. Последните случаи се од ГОБ „8 Септември“, од каде една медицинска сестра од хирургија даде отказ и замина во приватната болница „Плодност“. Има и уште една сестра од Центарот за дијализа во рамки на ГОБ „8 Септември“ која исто така си даде отказ. Би сакала да посочам дека можеби има најави за уште неколку заминувања, но официјално нови барања за откази не се пристигнати. Во ГОБ „8 Септември“ и не е толку голем проблем во однос на условите за работа, бидејќи најголемиот дел од медицинските сестри се примени во редовен работен однос и се задоволни од примањата, но сепак има флуктуација, се разбира по подобри услови. Овој бран на незадоволства, откази, нашите постојани апели дека мора да се вреднува ангажманот на секој здравствен работник, конечно имаат позитивна разврска, со тоа што веќе се отворени конкурси за редовно вработување на медицинските сестри, вели во разговорот за Фактор, Бешлиовска.

Таа потенцира дека токму денеска во Општата болница во Куманово се спроведуваат интервјуата и дека сестрите кои досега работеа со договори на дело, ќе добијат решенија за вработување.

-Во кумановската болница има 15 сестри кои за целиот овој период, но и пред пандемијата имаа само договори за дело. Тоа значи дека работеа за едвај 12.000 денари и тоа без здравствено и пензиско осигурување. Во болницата во Штип има 16 медицински сестри, кои исто така се со договори на дело. Практично во сите здравствени установи има одреден број на медицински сетри кои немаат решенија за вработување. Сега ситуацијата е поинаква, нашите апели наидоа на одѕив кај здравствените власти дека мора нешто да се направи и да им се реши статусот на оние кои се најангажирани во ковид центрите, кои дење-ноќе не спијат, кои се дефицитарни..., појаснува Бешлиовска.

Истовремено, таа нагласува дека ова е навистина позитивен сигнал, но сега Унијата на ЗМТАС инсистира на отворените огласи за медицински сестри предност да си имаат оние кои извесен период работат во самите здравствени установи.

-Дел од средниот медицински кадар, односно медицинските сестри во болниците каде сега има огласи за редовен работен однос работат и со години, не со месеци. Во оваа насока, тоа што сега ни е најважно, како Унија која се грижи за правата на своите членови, е тие кои се веќе таму да си ги добијат решенијата за вработување. Да не се појават од некаде сосема други, кои досега сменија еден куп здравствени установи. И по логиката на нештата, се разбира дека оние кои болницата веќе ја знаат во мал прст, го даваат сиото свој труд безусловно со месеци и години наназад, треба да имаат предност и да си бидат поконкурентни од некои кои ќе се пријатав на конкурсот однадвор, појаснува Бешлиовска.

Главен проблем во сите здравствени установи каде има ковид–центри, според неа е дефицитарноста на кадарот, заради што има потреба од уште поголем број вработувања. Но, како што вели, повеќе од 1.000 завршени медицински сестри во мај, годинава, не може да почнат со работа затоа што немаат положено државен испит, кој е основен услов при вработувањето. Тоа, како што вели Бешлиовска, се пролонгира токму заради ковид-кризата, па дури во јануари 2021, завршените медицински сестри од средните училишта во Македонија ќе имаат можност да го полагаат државниот испит.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик