СРЕДНОШКОЛЦИ КОИ БИЛЕ ВО ОХРИД, СТРУГА, ДОЈРАН МЕЃУ НОВОЗАРАЗЕНИТЕ: Повеќе од 15 млади луѓе вратени од одмор со симптоми на Ковид-19
Објавено во: Македонија 11 Август, 2020
Средношколци и
млади на 20-тина години се меѓу новозаразените во вкупниот број за Скопје од
вчера и завчера, а кои со симптоми на корона вирусот се вратиле од одмор од
Охрид, Струга и од Дојран.
-Нивната клиника слика е лесна, имаат главоболки и ниска температура, па откако е потврдено дека се позитивни, при пополнување на анкетниот лист овие лица наведоа дека биле на одмор во преполнетите туристички места во земјава, но истакнуваат дека не знаат точно каде се заразиле. Се испитуваат и нивните контакти, па деновиве можно е да има поголем број млади лица позитивни на вирусот кои биле на одмор. Сепак, пак ќе повторам, а тоа и го тврдам, дека можноста да се зарази кој било е многу мала ако се почитуваат мерките. Од друга страна, нормало е дека ќе имаме заразени млади луѓеод сите оние журки што се се случуваа, вели епидемиологот д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје.
Истовремено, епидемиологот, д-р. Јованка Коровешовска од охридскиот Центар за јавно здравје појаснува дека бројот на новозаразени во Охрид не се зголемува нагло, иако градот е преполн со туристи, со појаснување дека младите кога ќе се пожалат на какви било болки и температура, родителите веднаш си ги земаат и си ги носта дома.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.