20 Декември, 2025
0.0444

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ БАРААТ РЕШЕНИЕ ЗА ШТРАЈКОТ: Доволно изгубивме, штета е да нема настава

Објавено во: Македонија 21 Април, 2022 10:45

Добивај вести на Viber

Сојузот на средношколци реагира на тековниот штрајк во образованието. Од Сојузот велат дека 21 април ќе биде деветиот работен ден од прекинувањето на наставниот процес што значи дека учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес. Потсетуваат дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. 

„Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три  години се вон нормалниот образовен процес. Уставот е дециден: тој ги гарантира и правото на штрајк и правото на образование. Членот 38 го гарантира правото на штрајк. Во членот 44 се вели: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови“. Меѓутоа, се наоѓаме во ситуација во која остварувањето на едното право го оневзможува остварувањето на другото. На нашата претходна прес-конференција, ние кажавме дека: „Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес [бидејќи] поквалитетен образовен систем е во интерес на сите“. Најголемата засегната страна во образованието ја трпи најголемата штета со тоа што е лишена од своето право на образование, стои во соопштението.

Додаваат дека обете страни се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците.

„Средношколци, дали некој во земјава воопшто мисли на нас и нашите права и интереси и дали го сослушува нашиот глас? Сојузот на средношколци јавно ги повикува двете страни што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која единствено ја трпат учениците. Изминативе две недели покажаа дека образовните власти во многу мал број од училиштата организираа вонредно одржување на наставата со цел продолжување на наставата непречено. Ова е особено проблематично за матурантите бидејќи кај многумина од нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе им се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа потребно е итно решавање на проблемот, велат од Сојузот на средношколци.

Тврдат дека од почетокот на своето постоење, Сојузот се залага образованието да биде посериозно сфатено во рамките на целото општество. 

Заклучно, го повторуваме нашиот апел за брзо решавање на прашањето меѓу Владата и СОНК преку интензивирање на преговорите за претстојниот период. Бараме Сојузот да биде вклучен во наоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки