Средоземноморските земји го губат монополот
Објавено во: Агробизнис
20 Април, 2014 10:45
Добивај вести на Viber
"Можете да направите навистина добро маслиново насекаде", вели Дан Флин, експерт по маслиновото масло и директор на Olive Center при Универзитетот на Калифорнија, додавајќи дека исто така насекаде може да се прави ужасно маслиново масло.
Флин бил во Њујорк минатата недела за вториот Меѓународен натпревар за најдобро маслиново масло. Во рамките на настанот беа доделени 19 награди на производители од осум земји.
Излегува дека Чиле, Перу, Словенија и Австралија исто така беа меѓу наградените, заедно со добро познатите во индустријата медитерански земји. А тоа всушност и не било изненадување.
Зошто е така ? Зашто тоа како се прави самото маслиново масло е многу поважно од тоа каде точно се случува целиот процес, пишува BusinessWeek .
"Најквалитативните масла се прават од реколтата од почетокот или средината на сезоната", вели Флин. Според него екстра девственото се прави како јаболков оцет. Маслинките се смачкани и од нив се вади сок, а свежината на плодот е од клучно значење за квалитетот на добиената масло.
Маслинките растат добро во истите области во кои виреат лозја. Многу од регионите во светот, кои прават добро вино, вклучувајќи ги Чиле и Австралија, произведуваат и висококвалитетен маслиново масло.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?