Средства од ЕУ за поефикасен систем за идентификација на земјишни парцели
Објавено во: Агробизнис 14 Март, 2013 13:21
Нова надоградба на системот за идентификација на земјишни парцели, ќе се врши со 730 илјади евра, средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија.
На овој начин поефикасно државата ќе ја спроведува програмата за финансиска поддршка во земјоделството, директните плаќања, како и програмите за рурален развој.
Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со системот за идентификација на земјишни парцели ќе се ограничи можноста за неправилно внесување на податоците при процесот на апликација за финансиската поддршка.
- Еден од клучните подсистеми на Интегрираниот систем за администрање и контрола, покрај останатите, е Системот за идентификација на земјишни парцели, базиран на компјутеризиран географски систем на инфомации. Овој систем овозможува графички преглед на земјишните парцели, со што се ограничува можноста за неправилно внесување на податоците при процесот на апликација за финансиска поддршка, рече Димовски на денешното официјално започнување на проектот за надградба на системот.
Амбасадорот на Европската унија Аиво Орав, кој присуствуваше на официјалниот старт на проектот, истакна дека земјоделството е важен сектор за социо-економскиот развој и вработувањата во една држава.
- Земјоделството е еден од најтешките делови во преговорите за пристап кон Европската унија. Тој е еден од најтешките подрачја од законите на Европската унија кога станува збор за нивна имплементација. Станува збор за важен сектор за социо-економскиот развој и за вработувањата во една земја. ЕУ ќе продолжи да обезбедува значителни средства за овој сектор во наредните години, рече Орав.
Реализацијата на проектот е планирано да трае до јануари 2014 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





