Македонската берза нема абер за раст; Ќе биде ли среќна 2013-та !?!
Објавено во: Анализа 26 Декември, 2012 08:20
Во последниот текст посветен на темата техничка анализа (кој веројатно може да го најдете во архивата), напишавме дека клучното ниво на овј индекс е 600 поени. Денеска индексот е околу 630 поен и притоа забелужаме неколку акции со импресивен пораст. Значи и покрај тоа што навидум делува дека Словенија тоне во безредие, делува дека берзата полека се буни од големиот сон и трендот се повеќе и повеќе се зацврстува во позитивна насока. Забележете како по отпорот на 600 поени имаме фино пробивање кое трае до денеска. Делува дека конечно трендовските линии вртат нагоре и дека пазарот на север конечно покажува посериозни знаци на живот. Поучени од минатото не може да прогласиме победа за биковите, но....
По цели три години неверојатно тонење, берзата успева да не остане само на лажни позитивни промени и успева да им даде надеж на инвеститорите.
Проценка: 600 поени се повторно значајно ниво, со тоа што сега е уште побитно да видиме дали берзата може да издржи над 620 поени и со тоа полека биковите да може да прогласат победа.
Нешто слично, од аспект на пробивање на линиите да отпорот имаме и во Германија:
Погледнетете го јасното пробивање на нивото од 7.500 поени. Ова е силен сигнал дека и покрај сите насловни најлошото во Европа е поминато и дека следува период на стабилизација. Три пати одбивање на 7.500, проследено со можна промена на трендот (изразен во розевата линија), но потоа силна подршка од инвеститорите и јасно издигнување на сите просеци и потврдување дека берзата во Германија ја очекуваат подобри времиња.
Прогноза: Скоро да е вратено пред кризното ниво, па така не може да предвидуваме спектакуларни растови. Засега е сосема доволно да го задржат ова ниво од 7.500 поени и ќе можеме да заклучиме дека здравјето на Европа е сосема добро и покрај многуте протести на континетот.
Забележувате дека техничката анализа е контра случувањата на терен. Скоро без исклучок во даден момент пазарите почнуваат да се движат спротивно она што е моментална реалност. Впрочем токму поради тоа движењата на берзите влегуваат во водечките индикатори за економиите. Прикажаното на овие графикони може да ни даде кураж да веруваме дека лошите сценарија за Европа веројатно ќе бидат избегнати.
Да одиме сега на домашен терен....
Ни трага ни глас од она што се случува на север. Можеби единствена добра работа е што некако не успеваме да потонеме подоле од мометалново ниво. Искрено очекував веќе да покажеме поконкретни знаци на живот но засега нема некој ефект од позитивните случувања во во Словенија или Германија. Можеби и домашните политички превирања си го оставаат својот траг на индексот. Како и да е веројатно е рано да се купува и касно да се продаде.
Носечката акција на берзата, Комерцијална Банка (носечка бидејќи е најликвидна, не е превземена и носи дивиденда) ја кажува истата приказна како индексот
Не паѓа под 2.300, меѓутоа нема абер да порасне посериозно. Трендовите се во основа надолни и не делуваат воопшто охрабрувачки.
Доколку продолжат позитивните случувања на берзата во регионот и во развиена Европа веројатно тој бран ќе мора да пристигне и тука. Можно е 2013 да биде значително подобра берзанска година. Во меѓувреме се надевам дека го зачувавте вашиот капитал и дека наредната година ќе ви донесе профит, а не само враќање на загубената добивка.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





