„Среќен како Наи“ од Ана Салџиева – нова инклузивна сликовница исполнета со радост, љубопитност и љубов
Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2025 10:16
Новата сликовница „Среќен како Наи“, од авторката Ана Салџиева со илустрации на Томи Џуровски, неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за инклузивна сликовница, која нè води низ светот на едно дете родено со физичка разлика – limb difference – и ни покажува дека неговото секојдневие е полно со радост, игра и љубопитност, исто како кај секое друго дете.
Преку топли и инспиративни сцени, книгата ја слави детската сила, уникатност и способноста да се живее со полно срце, без ограничувања.
- Приказната за Наи е длабоко лична и произлезе од моето мајчинство. Таа е инспирирана од мојот син Јан, кој е роден со конгенитална хипоплазија на рака. Заедно со неговата сестра близначка Мила секоја вечер се препуштаме на магијата на книгите – читаме, сонуваме и патуваме низ светови што ги создаваат приказните. Но, еден момент ме погоди: не постоеше сликовница во која Јан можеше да се препознае, да се види себеси. Тоа ме поттикна да ја создадам оваа инклузивна приказна – за да му покажам дека неговата различност е вредност, а не пречка. Сакам преку Наи да ги охрабрам и другите деца и родители да ја прифатат различноста како нешто природно, убаво и нормално. Секојдневието на Наи е како секојдневието на секое дете на негова возраст. Верувам дека секое дете заслужува да се види во светот што го чита... Во моментов приоритет ми е „Среќен како Наи“ да стигне до што е можно повеќе дечиња и домови. Да ја рашириме заедно важноста на инклузивноста, на прифаќањето. Да ја пренесеме пораката дека љубовта и убавиот збор се многу посилни и похрабри од негативниот акт – вели авторката Салџиева, која по професија е графички дизајнер, а моментално работи како маркетинг- директор.
Иако децата на авторката не биле свесни дека се подготвува книгата, нивната присутност и енергија биле дел од процесот од самиот почеток. Како мал, но значаен детаљ, низ страниците се провлекуваат нивни цртежи создадени низ годините, кои ја прават оваа книга уште попосебна и лична.
Сликовницата „Среќен како Наи“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





