05 Декември, 2025
0.0492

Среќен роденден Еко Степ

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2013 07:34

Добивај вести на Viber

Една од најважните работи во бизнисот е добриот сметководител. За да можете на мира да работите на Вашите идеи и планови, Ви треба човек од доверба кој ќе води сметка за Вашето работење.

Компанијата ЕКО СТЕП веќе 20 години успешно го прави тоа за стотици наши фирми, за кои вчера во хотелот Арка приреди одлична и несекојдневна корпоративна забава за нивниот голем јубилеј. И навистина имаат за што да се пофалат, 20 години постоење на сметководствена фирма значи дека си добил огромна доверба од многу клиенти, впрочем во оваа дејност не може да опстоиш доколку не опстојуваат компаниите кои ги водиш . Храбрата одлука на основачот на компанијата Ленче Попчева, да го започне овој бизнис пред дваесет години е вистински доказ дека со високо ниво на професионалност и огромна посветеност можете чесно да создадете долгорочна база на лојални и задоволни клиенти, како што очигледно се оние на ЕКО СТЕП. Настанот го отвори тв водителот Жарко Димитриоски, по што на присутните им се обрати сопственичката на компанијата, а најдобар доказ дека ова е компанија која се грижи за своите вработени, како и за своите клиенти беа и наградите кои беа доделени на вработените во компанијата за нивната лојаност и посветеност во овој период. Забавата продолжи со стенд ап настап на Марјан Ѓеоргиевски и финишираше со одлична свирка на бендот на Тоше. Честит роденден и се гледаме на 50 годишниот јубилеј Во продолжение неколку фотографии од вчерашната атмосфера:

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј