19 Декември, 2025
0.0427

Српска градежна фирма стана четврт најголем акционер во „Гранит“

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Српската градежна компанија за изградба на патишта и автопати Бард - Коп Доо од Белград стана четврт најголем сопственик на акции во храдежниот гигант „Гранит“. Ова е последната информација што е објавена од страна на Централниот депозитар на хартии од вредност по интензивните тргувања со акциите на „Гранит“ во изминатиот период.

Законски е дозволено единствено објавување на сопствениците на капитал под 5 отсто во трговските друштва, а со последната промена од понеделникот, евидентирано е дека Бард - Коп Доо е сопственик на 5,06 отсто од акциите. Останатите сопственици со удели од над 5 проценти се уште самото градежно друштво со 9,81 отсто, Зоран Милковски со 8,90 и Ивана Милковска - Симева со 8,84 проценти. Уделот на странските правни лица во „Гранит “ е 6,56 отсто и нив ги има вкупно осум. Вкупниот број на акционери е 4.028 физички и правни лица - домашни и странски.

Според она што може да се пребара, станува збор за мало претпријатие од Белград со постојан раст на приходите и добивката, како и на вработените, кои се 45 на број во 2021. Основано е во 2019, а добивката минатата година била нешто повеќе од 600.000 евра.

„Гранит“ во периодот Јануари - септември оствари вкупни приходи од 57 милиони евра и зголемување за 4 отсто. Добивката по првите три квартали од годинава е 1,35 милиони евра.

Изминатиот период интензивно се тргуваше со акциите на „Гранит“ на пазарот со блок трансакции, како и оној класичниот. На 25 октомври се реализираше уште една блок трансакција, во која беа купени 1,41 отсто од акциите на компанијата. Како што соопшти Берзата, цената по која се продала една акција изнесувала 1.450 денари, или за купени 43.200 акции, биле платени 62,6 милиони денари, односно малку повеќе од еден милиони евра.

Претходно дотогашниот  најголем институционален инвеститор во компанијата Сава пензиски фонд одлучи да ги продаде своите 7,5 отсто од акциите, за 5,6 милиони евра. Се уште нема јавна потврда за тоа кои се новите сопственици на овие акции.

На почетокот на октомври вкупен промет за пет трговски дена со тргување на акциите на „Гранит“ изнесуваше речиси 2 милиони евра.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар