Српската Влада го поздрави укинувањето на заштитната мерка за пченицата
Објавено во: Агробизнис 30 Август, 2013 11:06
Српската Влада ја поздрави одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна.
Како што изјави министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ, Србија очекува Македонија во иднина да не спроведува вакви мерки зашто тоа е од интерес за двете страни.
- Ако ги искористиме сите потенцијали, трговската размена меѓу двете земји може да достигне една милијарда евра наспроти сегашните 600 милиони, рече Љајиќ.
Македонија ја воведе мерката за условен увоз на пченица и брашно во јули годинава за да го заштити домашното производство. Откако надлежните оценија дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици за какви било нарушувања, донесена е одлука за укинување на мерката на 2 септември, а за брашно во првата половина на идниот месец.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





