Српската Влада го стегa ременот- обелоденети новите економски мерки
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2013 11:31
Зголемување на ДДВ од осум на 10 отсто, најави денеска министерсот за финансии на Србија Лазар Крстиќ.
Тоа ќе се однесува на стратешки важни производи како што се лебот, храната, млекото, маслото, но и за весниците, книгите и компјутерите, јавија белградски медиуми.
Таа стапка не беше зголемена лани по зголемувањето на ДДВ-то. Минстерот смета дека таа мерка ќе ја зголеми просечната цена на потрошувачката кошничка за 0,6 отсто.
Во објавата на новите економски мерки, тој најави и одданочување на платите во јавниот сектор над 60.000 динари во следната година за 20 отсто, додека оние што примаат плати над 100 илјади динари процентот ќе биде 15 отсто.
Како една од клучните мерки, Крстиќ најави намалување на државните субвенции за државните претпријатија.
- Нивото на субвенции за тие фирми е поголемо за два до трипати во споредба со Европа, што е недозволено, рече Крстиќ.
- Ќе продолжиме со субвенцирање кредити, но во намален обем. Ќе даваме субвенции за инветсиции и за вработување, нагласи тој.
Според него, заштедите во буџетот до 2017 година ќе бидат од 300 до 400 милиони евра годишно по основа на тие структурни реформи.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




