Српски авион полетал од Црна Гора, а потоа почнал ужасот: „Се слушна тресок, видов искри под моите нозе“
Објавено во: Балкан 17 Август, 2022 08:27
Српскиот авион полетал од Тиват во Црна Гора за Белград, но морал доста брзо да се врати на аеродромот, а во меѓувреме патниците биле сведоци на хоророт.
Патниците кои полетаа со авионот на Ер Србија, кој вчера полетал од Тиват за Белград, тешко дека ќе го заборават овој ден.
Ербас 319 мораше принудно да слета 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват, околу 15:45 часот, поради дефект на моторот.
Можеби некому ќе му се чинеше дека сè не оди добро, со оглед на тоа дека летот доцнел околу 45 минути, а потоа - едвај пет минути по полетувањето, под авионот се слушнал силен тресок.
Пред тресокот, патниците истакнуваат дека во авионот се слушнало силно брмчење, а потоа дошло до силен удар кој ги вознемирил сите патници.
„Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот ја губеше и ја менуваше моќта, а една патничка видела искри како летаат под нејзините нозе и гориво се испушта од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Которскиот залив , а луѓето на копно забележале дека од авионот излегува голема количина чад“, пишува Нова.рс за дел од сведоштвата.
„Првите десет минути екипажот не даваше никакво објаснување, што предизвика уште поголема паника. Потоа не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват“, изјави еден од патниците.
Механичарите во моментов го проверуваат авионот, а некои патници го напуштиле летот поради страв, рекол сведок.
Фото: index.hr = Screenshot: Flightradar24
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




