06 Октомври, 2024
0.0250

Српски експерти за Фактор: Вучиќ ќе учи од грешките на Милошевиќ и од случувањата во регионот!

Објавено во: Балкан 19 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Универзитетскит професор на Факултетот за политички науки во Белград Зоран Стоилковиќ и поранешниот главен и одговорен уредник на српска „Политика“, Драган Бујошевиќ за „Фактор“ анализираат што значи убедливиот триумф на Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка на неделните предвремени парламентарни избори. Дали Србија ќе го продлжи патот кон Европа или пак Вучиќ на крилјата од неделната победа може да стане авторитарен политичар. За д - р Зоран Стоилковиќ, од Факултет за политички науки во Белград, Вучиќ сега има полни раце работа, пред се економијата. Се надевам дека убедливиот триумф нема да ја врати Србија години наназад. Се надевам дека Вучиќ научи нешто после она со Милошевиќ и она што се случува во Македонија Што значи триумфот на Александар Вучиќ? „Вие можете да имате авторитарен политички стил, само ако сте таква личност, но од друга страна вие ќе можете да го работите она што практично морате, кога веќе сте на мапата на патот кон Европа. Резулатот од неделните избори е таков каков што е благодарејќи на тоа што некаде во 2008 година поранешните радикали сфатија дека Србија и регионот можат само во европска гаредорба, па тогаш и тие ја облекоа таа гардероба. Од друга страна сфатија дека овде избори најлесно се добиваат со критика за политичката корумпираност на претходната елита и таканаречениата грижа за позицијата на обичниот граѓани. Значи овде популизмот во сите варијанти успева, особено кога ќе гарантирате борба против корпуцијата“, вели професорот Стоилковиќ. Србија исправен пред сериозни социјални и економски предизвици „Сега ќе видиме како Александар Вучиќ ќе се справи со огромните социјални и економски прредизивици. Какво сценарио ќе понуди за излез од економската состојба во која се наоѓаме. Иако не му требаат други партии во владеачката коалиција, сепак тој најави дека ќе ги повика и париите на Дачиќ или Тадиќ во новата Влада. Исто така, дали ќе биде подговтвен за градење  на широк социјален консензус и со синдикатите и со работодавците. Дополнително, ова не е ова прв пат, во Србија да имаме ваква ситуација. Со Милошевиќ беше катастрофа, но ваква ситуација како денес ние имавме и после промените на 05 октомври 2000 година. Тогаш на тие избори, приврзниците на поранешната власт, вклучувајќи го овде и Вучиќ беа ставени во глувчешка дупка и тоа тогаш не се покажа добро за нив. Се надевам дека од тоа искуство и од вашето македонско, Вучиќ нешто ќе научи“, изјави за Фактор, професрот на факултетот за политички науки во Белград, д-р Зоран Стоилковиќ. Драган Бујошевиќ, поранешен главен и одговорен уредник во „Политика“: Вучиќ - автократ или европски модерен европски политичар „Тоа зависи од него. Тој е во позиција да избира дали ќе биде автократ или модерен европски политичар. Секој политичар кој добие таков процент на гласови, ја има шансата тој да биде личноста кој ќе ги носи сите клучни одлуки. И модерениот европски политичар и автократ би сакал да ја искористи сета моќ. Но, сепак сега од Вучиќ ќе зависи што ќе напарави тој. Овде, не постојат институции кои ја контролираат власта, така што останува работите властите во Србија да ги менаџираат со Брисел, Вашингтон и Москва“, вели Бујошевиќ. Иднината на Србија „Вучиќ сега ја имаа моќта и власта, да може да ја однесе Србија во правец во која тој сака. Но, проблеми ќе има во економијата, тоа е она што е најтешко како и секаде во светот. Светската економска криза од 2008 - та, го направи своето. Светот сеуште не го најде решението за економската криза, тешко дека и Србија ќе го најде. Но, она што се очекува е да се намали бројот на невработени и да се зголеми бројот на вработените. Значи тоа е основниот проблем на Вучиќ, тоа е негова задача и тоа е она по што сега сите ќе го оценуваат“, смета Бујошевиќ. Косово „Поранешниот премиер на Србија Ивица Дачиќ, не можеше ништо да реши без Александар Вучиќ кога е во прашање Косово. И на некој начин можеме да кажеме дека Вучиќ и Дачиќ водеа спротивна политика од платформата на српскиот претседател Томислав Николиќ. Сметам дека Вучиќ сега ќе продолжи таму каде што застана Дачиќ кога е во прашање Косово и тука нема да има никакви проблеми. Сосема е сигурно дека Вучиќ ќе се вмеша на парламентарните избори на Косово, ќе направи партија или некоја српска листа на која ќе и даде целосна подршка таа да влезе во косовскиот парламентот и да стане фактор без кого никој нема да може да формира влада во Приштина“, констатира Бујошевиќ. Медиуми „Овде Вучиќ покажа најмалку. Факт дека тој сака да открие кој ги уби Чурувија и останатите новинари, тоа е се во ред, но начинот на кој функционираат медиумите во Србија по мое убедување е поразителен. Овде таблоидите станаа медиуми кои водат политика и кои одредуваат систем на вредности, а тоа е погубно за Србија. Ако Вучиќ сака нешто да промени, тогаш мора да се позанимава со таблоидите и со нивната позиција во српското општество“, констатира за Фактор поранешниот главен и одговорен уредник на српска „Политика“, Драган Бујошевиќ. Редакција Фактор 

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути