07 Октомври, 2024
0.0330

СРПСКИ ЈАЈЦА ГО ПРЕПЛАВИЈА ПАЗАРОТ: дел се небезбедни за јадење, повлечени од маркетите!

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

По веста дека 5000 јајца кои не биле безбедни за јадење, се повлечени од маркети во Македонија, сел од упатените во бизнисот со јајцата велат дека проблематичните јајца биле увезени уште пред Велигден, рокот на траење им бил поминат, но на нив бил обележан друг рок. Живинарите веќе реагираа на големиот увоз на јајца од Србија Непосредно пред велигденски празници македонските живинари укажаа дека се увезени големи количини на јајца од Србија, за кои предупредија дека нема може да се продаде целата количина, и  во истовремено да се запази рокот на траење на јајцата. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во цела 2014-та година од Србија се увезени 2.785.600 јајца, а годинава само во првите три месеци се увезени 3.611.360 јајца, или повеќе колку за цела ланска година. Според информациите на македонските бизнисмени, Србија годинава се соочила  со вишок од јајца, вовела прелевман, односно царинска давачка од еден динар по извезено јајце. Поради воведениот прелевман македонските живинари годинава за велигденските празници не извезуваа јајца во Србија, но од друга страна живинарите реагираа дека Србија вишокот го пласирала на македонскиот пазар, што директно ја урна цената на македонските јајца. Бизнисмените тогаш изјавија дека побарале за големиот увоз на српски јајца да реагираат македонските надлежни институции. Според информациите на бизнисмените, напливот на српски јајца почнал од почетокот на годинава и  дека непосредно пред велигденските празници неделно во земјава влегувал по еден шлепер со 300 илјади јајца кои и со траспортните трошоци се со пониска цена од македонските јајца. Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство тогаш изјавија дека ја следат состојбата и ќе излезат со свој став. - Дополнителен проблем е тоа што имаше голем увоз на јајца од Србија што директно ја урна нашата цена од фарма и во целата состојба ќарија трговците. Сегашната цена од фарма е далеку од рентабилна, едвај да се покријат основните трошоци. За економично работење продажната цена од фарма треба да биде 5,5 денари за јајце. Дополнителен проблем е извозот, Србија воведе прелевман од еден динар за извезно јајце, што ние не можеме тоа да го издржиме, а од друга страна својот вишок на јајца слободно го пласира на македонскиот пазар. Нашата држава нема заштитни  механизми, а од друга страна јајцаето е единстевниот производ за кој нема субвенција, изјави Вили Кичуков, претседател на Групацијата на живинари при Стопанската комора на Македонија. Од 2009 година производството на јајца бележи пад. Од 274 милиони јајца произведени во 2009 година, во 2013 годината производството е намалено на 216 милиони јајца. Намалувањето на производството, според живинарите, се должи на недостигот и скапата добиточна храна која во трошоците за живинарството учествува со 80 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека последните години извозот на јајца се намалува. Во 2012 според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство од Македонија се извезле повеќе од пет милиони јајца, во 2013-та година  во периодот до Велигден се извезени 1.038.960 јајца, а лани за цела година се извезени само 1.316.574 јајца и тоа само во Косово и Црна Гора. Јајцата се пронајдени во два големи маркети Инаку, проблематичниоте јајца се пронајдени во два поголеми маркети, а инспекторите извршиле контрола по поднесена пријава од потрошувач. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека сите 5.000 јајца се повлечени и уништени. - Јајцата како потенцијално небезбедни  под надзор на официјален ветеринар се уништени. Согласно Законот за безбедност на храната против операторот поднесена е прекршочна пријава и изречена е глоба во износ од 5000 евра за правното лице и 500 евра за одговорното во правното лице во денарска противвредност, велат за Фактор од Агенцијата за храна и ветеринарство. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип