19 Декември, 2025
0.0857

СРПСКИ КУРИР: Груевски не сака да ја предаде власта, па предизвикува хаос во државата

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 18:58

Добивај вести на Viber

Соседите будно ја следат ситуацијата во Македонија. Доказ за тоа се бројните наслови кои никнуваат во српските медиуми.

Српски курир акцентот го стави врз екс премиерот. Овој медиум пишува дека „лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски е свесен дека ја губи власта и е подготвен да предизвика хаос во државата за да го спречи доаѓањето на опозицискиот лидер Зоран Заев на чело на државата, што би значело покренување на истрага за корупција и небројни криминални афери кои го обележаа неговото владеење“.

„Во тие цели Груевски е подготвен на се, па и на пласирање на лажни вести во тамошните медиуми (мислејќи на македонските) како оние во наводни договори на Заев со албанската партија ДУИ дека Србите ќе бидат осудени за геноцид над Албанците во Македонија што СДСМ го отфрли како ноторна лага“, пишува српски курир.

Понатаму додаваат дека ниту една лага на Груевски нема да спречи подобра иднина на Македонија.

„Лагите на обвинетиот Груевски (во случајот кој го води Специјалното јавно обвинителство за прислушувани разговори) за наводни редефинирања, федерализација, и кантонизација на Македонија се последица на стравот од соочување со правдата“, се наведува во соопштението на СДСМ, кое го цитира овој медиум од соседството.

Тие повикувајќи се на соопштение на опозицијата пишуваат дека „Никола Груевски цели 10 години злосторнички се однесува кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси“, наведува партијата на Заев, истакнувајќи дека граѓанска Македонија „чекори кон подобра иднина за сите и дека ниту една лага на Груевски тоа нема да го спречи“.

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан