Српски медиуми: Хаг не сака да си го прибере Шешељ
Објавено во: Балкан 09 Април, 2015 19:56
Обвинителството на Хашкиот трибунал е непријатно изненадено дека судијата Жан-Клод Антоанета сеуште не испратила наредба до лидерот на српските радикали Воислав Шешељ да се врати во Шевенинген, пишува српскиот весник „Вечерњи новости“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Српскиот „Курир“, повикувајќи се на свои информации, пишува дека главниот судија во процесот против Шешељ воопшто не го известил обвинителството кога ќе постапи по наредбата за враќање издадена пред една недела. Нема определен рок до кој треба тоа да се реши, но обвинителлот Серж Брамерц тврди дека очекувал наредбата од Трибуналот веќе да биде испратена до обвинетиот.
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека ќе ја прифати одлуката за Шешељ, но дека ќе побара од Трибуналот и писмени докази дека неговата здравствена состојба е подобрена. Вучиќ потсети дека токму заради здравствената состојба тој е вратен во Србија.
Лекарот на Шешељ дал препорака дека оваа недела треба да започне со хемотерапија, но лидерот на српските радикали веднаш го отфрлил тоа со образложение дека лекувањето не смее да се прекинува.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




