Српски научници ќе работат на пронаоѓање лек против коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 13 Септември, 2021 16:21
Српски научници ќе работат на пронаоѓање лек против коронавирусот.
Научниците од Хемискиот факултет на Универзитетот во Белград, развиваат решенија што ќе помогнат во борбата против коронавирусот. Информацијата ја соопштија денеска од српскиот Фонд за наука.
Проектот CAPSIDO развива посигурен и побрз антиген тест за откривање на ковид -19 под водство на дописниот член на САНУ, Тања Ширковиќ Величковиќ, редовен професор на Хемискиот факултет на Универзитетот во Белград. Тимот прво се зафати да истражува соединенија што можат да ги блокираат ензимите и протеините кај луѓето, кои се потребни за дуплирање на коронавирусот, за да можат потоа да преминат на компјутерско моделирање и симулација, како и да пронајдат кандидати за лекови. Завршните тестови ќе бидат спроведени во Институтот Пастер во Франција. Истражувачите кои работат на проектот CAPSIDO развиваат тест кој ќе биде чувствителен на многу ниски концентрации на коронавирусот кај пациентите. Целта е да се развијат антигенски тестови кои, за разлика од PCR тестовите, ќе ги откријат протеините од коронавирус, дури и кога вирусот е во многу ниска концентрација. Набавена е капитална опрема што не постои во земјата или во регионот.
Коронавирусот е потврден кај 6.249 луѓе во последните 24 часа во Србија, а во исто време, 27 пациенти починале. Тестирани се 21.163 луѓе. На респиратор се 142 пациенти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





