СРПСКИ ПУЛМОЛОГ ЗА КОВИД -19: Ќе се јавуваат само повремени „џепови“ од заразата
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Јуни, 2020
Не можеме да ја затвориме земјата и да ја уништуваме економијата поради десетина пациенти, вели српскиот пулмолог Барнимир Несторовиќ.
Објаснува дека Србија, но и цела Европа излегува од пандемијата со коронавирусот и сега ќе се јавуваат само повремени „џепови“ од заразата.
„Многу луѓе се тестираат, а мал е бројот на заразени. И тие кои се позитивни на тестовите не се разболуваат серизно, немаат изразена клиничка слика“ – вели Несторовиќ.
Ризични остануваат постарите лица и хроничните болни, додека помладите не се наоѓаат во голем ризик.
Според него, нема смисла да се ограничуваат луѓето затоа што тоа луѓето психолошки поминаа низ пандемијата.Повеќе од 7.200.000 луѓе во светот се заразени од коронавирусот.
Заразата брзо се шири во Бразил, земја која стана втора со најголем број позитивни случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.