Српски вирусолог тврди дека коронавирусот се пренесува на сите можни начини
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 21 Октомври, 2020
Вирусологот во пензија, д-р Ана Глигиќ ги разреши дилемите околу тоа како се пренесува коронавирусот.
Таа вели дека новиот коронавирус се пренесува на сите можни начини - преку контакт, преку капки, преку респираторен пат, преку воздух, само уште не е докажано дека може да се пренесе и преку храната која ја јадемне.
„Затоа советувам сите и покрај добро познатите мерки да се заштитуваат секојдневно со проветрување во станот, особено рано наутро, штом се разбудите. Ноќе честичките на лебдечкиот вирус паѓаат на под, па паѓаат на под, а наутро ние ги креваме повторно во воздух. Бидејќи новиот коронавирус долго се одржува во надворешна средина, докажано и по 16 часа, а некои тврдат и подолго, наутро е се уште жив, па штом стигне до слузокожата на носот тој почнува да се размножува во влажна средина. Исто така, препорачувам сите површини во станот кои често ги допираме редовно да ги чистиме со средство за дезинфекција“, вели докторката.
Таа била шеф на лабораторијата во време на епидемијата ваиола вера во 1972 година.
Вирусот зема замав во Србија, на удар е Белград.Во земјата денеска се регистрирани 512 случаи на зараза со новиот коронавирус, што претставува рекорден од почетокот од епидемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.