16 Декември, 2025
0.0261

Српскиот министер за економија поднесе оставка, Србија оди на избори?

Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2014 12:21

Добивај вести на Viber

Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ поднесе оставка на функцијата, а како причина го наведе недостигот на политичка волја за спроведување на реформи. Изминатите денови Радуловиќ најави дека доколку веднаш не поминат системските закони, особено законот за приватизација и стечај, тоа е сигурен знак дека Србија се откажува од реформите и оди на избори. „Доколку тие реформи не се спроведат, нема поента да останам во Владата“, изјавил Радуловиќ. Сега веќе поранешниот министер за економија на Србија живеел и работел во Германија, Канада и САД, а во Србија се вратил во 2005-тата година. По враќањето работел како консултант, финансиски експерт за стечај и берза, а бил и стечаен управник на 14 претпријатија. Во август 2013-та ја прифати поканата на потпретседателот на Владата Александар Вучиќ, да ја преземе министерската функција како непартиски кадар. Токму Вучиќ на вонредното изборно собрание на неговата Српска напредна партија (СНС) најави дека на Претседателството на партијата утре ќе му предложи распишување на вонредни парламентарни избори и со тоа ги потврди проценките на Радуловиќ. „Дојде време да положиме сметки. Завршивме многу добра работа и тое е една од клучните причини, бидејќи мислиме дека можеме и подобро и побрзо во иднина“, истакна Вучиќ. Српската напредна партија на Вучиќ има најголем број пратеници во актуелниот состав на српскиот Парламент - 64, додека нејзиниот коалиционен партнер Социјалистичката партија на Србија, предводена од премиерот Ивица Дачиќ, има само 25 пратеници.  

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството