Српскиот патријарх Иринеј е заразен со коронавирус
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 04 Ноември, 2020
Српскиот патријарх Иринеј е заразен со коронавирус.
Како што е наведено на веб-страницата на СПЦ, патријархот е хоспитализиран без симптоми и во одлична општа состојба.
Тој е во ковид-болницата во Белград.
„Како дел од редовната процедура за тестирање, и по епидемиолошката проценка, беше извршено тестирање на САРС Ков-2, што потврди дека Неговата Светост српскиот патријарх Иринеј е позитивен без симптоми и одлична општа состојба. Неговата Светост беше хоспитализирана во ковид-болницата во Белград”, се вели во соопштението.
На 30 октомври, митрополитот Црногорски и приморски Амфилохије почина од коронавирусот во Клиничкиот центар на Црна Гора.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.