19 Декември, 2025
0.0688

Српскиот премиер ќе присуствува на церемонијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2015 12:11

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Александар Вучиќ ќе присуствува на церемонијата за одбележување на годишнината од масакрот во Сребреница, објави „Ројтерс“. На 11 јули се навршуваат 20 години од масакрот на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња, извршен од силите на босанските Срби и е опишан од меѓународната правда како геноцид.

„Време е да покажеме дека сме подготвени за помирување, дека сме подготвени да се поклониме пред жртвите“, изјавил пред новинарите Вучиќ.

„Српската влада одлучи јас да ја претставувам Србија на 11 јули во Сребреница“, додал тој.

Гласање во Советот за безбедност на ОН за осуда на масакрот во Сребреница како геноцид беше одложено и треба да се одржи денеска, иако Велика Британија и САД се обидуваат да ја убедат Русија да не става вето, тврдат дипломатски извори на „Ројтерс“.

Присуството на Вучиќ на церемониите на 11 јули во Босна ќе биде во рамките за помирување меѓу поранешните југословенски републики по војните во 90-тите години, кога загинаа над 135 000 луѓе.

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ присуствуваше на 15-годишнината во 2010 година, но Вучиќ е поблизок до идеологијата за Голема Србија, која во голема мера предизвика крвопролевање, коментира агенцијата.

Тогаш српските власти признаа дека она што се случило е „огромно злосторство“ и го осудија, како што настојувале кон интеграција со Западот, но Белград така и не го утврди масакрот во Сребреница како геноцид.

Вучиќ изјавил дека бил уверен дека резолуцијата на ОН нема да биде примена во нејзината сегашна форма. Според премиерот документот е „понижувачки“ за Србија. Тој им се заблагодари на Кина и Русија што се спротивставиле на резолуцијата.

„Морам да признаам дека руските партнери не бараат ништо во замена“, додал тој.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен