17 Декември, 2025
0.0541

Српските академици го затрупаа со приговори проектот „Белград на вода“

Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2014 21:07

Добивај вести на Viber

Членовите на Одборот за архитектура и урбанизам на Српската академија на науки и уметности подготвија 22 страници со забелешки за нацрт-планот за изградба на проектот „Белград на вода“ и ги доставија до Агенцијата за просторно планирање. Како што оценуваат тие, ако амбициозниот проект не се промени, „Белград на вода“ ќе остане изолиран остров во центарот на главниот град, тешко пристапен и едвај прооден, кој само ќе предизвикува сообраќајни проблеми и за другите делови на градот. Станбениот и деловниот простор за висока класа ќе биде пренаселен, по принципот „пополни колку што собира“, со сериозни еколошки и социјални последици. Помалите и средните трговски објекти ќе бидат загрозени со изградба на џиновски трговски центар. Една од забелешките е дека комплексот нема доволно паркови и плоштади, а не е најдобро решен ниту пристапот до реката за шетачите. Експертите констатираат дека заради кулата пд 220 метри и облакодерите со висина до 100 метри, „белград на вода“ ќе биде огромен ѕид на стереотипна архитектура, кој ќе ги затскрие историските обележја на градот, како што се Споменикот на победникот, Теразије и храмот на Свети Сава. Според архитектите, мрежата на сообраќајници во идниот комплекс не е доволна за предвидените 17.700 жители. Проблеми ќе настанат и во зоните на градот кои ќе се граничат со „Белград на вода“. Неопходен е нов мост со кој Сава че се премости по средината на комплексот, сугерираат експертите. Речниот сообраќај во планот воопшто не се споменува, ниту пристаниште за патничките бродови. Парковите се одвоени од реката и ги нема доволно. Во нацрт-планот е наведено дека зелените површини се простираат на 24 хектари, но тоа е само затоа што се пресметани и ледините на левиот брег на Сава, каде што ништо нема да се гради и кои воопшто не се поврзани со „Белград на вода“. Таквото „книговодство“ не може да се смета за коректно, сметаат академиците. САНУ открива непрецизности и во финансискиот дел на планот. Инфраструктурното опремување на земјиштето е целосно изоставено, а претпоставените приходи се незначително мали во однос на неминовните инвестиции за подготовка на земјиштето. Во самиот план се избегнува прашањето за статусот на земјиштето, не е прикажана неговата вредност, како ни добивката ни трошоците. Нејасно е каде, со оглед на економските прилики, ќе се најдат купувачи за деловните локали и за дури 6.128 стана со просечна површина од 170 метри квадратни, сугерираат академиците. На планот, според нив, му недостига и анализа на економско-социјалната оправданост на проектот, а без тоа незивесноста е голема особено за прашањето - каква корист од целиот овој проект ќе имаат Белград и Србија, а кои трошоци ќе мора да ги понесат.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата