Српските берачи на печурки заработуваат по 5.000 евра во сезона
Објавено во: Агробизнис, Балкан 12 Јули, 2016 20:48
Во јужна Србија во сезоната на берба на печурки може да се заработи до 1.000 динари по килограм.
Но, прво берачите мора добро да научат да ги распознаваат печурките.
Вргањот и лисичарката на почетокот на оваа сезона донесоа добра заработка за берачите, продавачите и извозниците.
Цените ги диктираат фирмите кои се занимаваат со извоз на печурки.
Тие пред крајот на извозот можат да паднат за 250 до 300 динари по килограм.
„Купувачите бараат мали и млади врѓањи, а оваа сезона берачите наоѓаат стари вргањи. Заради тоа многу берачи се одлучуваат вргањите да ги сецкаат и сушат, а за сув килограм добиваат од 1000 до 1200 динари“- вели Дејан Радивојевиќ, кој има фирма за откуп на печурки.
Ако сезоната се погоди, берачите можат да заработат и 5000 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





