14 Мај, 2024
0.0294

Српските извозници се жалат – не можат да внесат брашно во Македонија!

Објавено во: Агробизнис 22 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Поради контролните маркици, српските извозниците на брашно имаат нови тешкотии кога треба да внесат стока од Македонија. Како што пишуваат српските медиуми, од Здружението на мелничари и пекари „Житoвојводина“ упатен е повик до владата на Србија под итно да забрани увозот на земјоделски производи од Македонија. Тврдат дека извозот на брашно од Србија во Македонија, сега целосно е оневозможен. „Извозниците на брашно бараат од Владата на Србија веднаш, со цел да го заштити домашното извозно стопанство, да донесе соодветна забрана за земјоделски производи од Македонија“, пишува во реакцијата до српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ. Со измените и дополнувањата на Законот за квалитет за земјоделски производи, од македонска страна се стави обврска за контролните маркички кај брашното, мерка која во сила стапи на 1 октомври. Така, операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи,  и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето така што при отварање на пакувањето ознаките трајно се оштетуваат. Во јули Министерството за земјоделство на Србија побара од македонското да преземе мерки за отстранување на проблемот со извоз на брашно од Србија во Македонија и најави реципрочни мерки.На 2 септември пак престана да важи македонската уредба за ограничен увоз на пченица, односно на 15 септември за брашно. Оваа мрека предвидуваше за секој килограм увезено пченица да се откупат три килограми домашна пченица, а за килограм увезено брашно четири килограми пченица.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?