01 Ноември, 2024
0.5235

Распродажба на фирми во Србија

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во текот на летото за 27  фирми во Србија ќе биде покренет стечај. Станува збор за компании кои немаат никакви позначајни средства или голем број вработени. Во исто време, српската Агенцијата за приватизација најавува дека уште еднаш ќе се обиде да продаде вкупно 66 компании. Ако ова не успее, и тие ќе поднесе одат во стечај до крајот на годинава, тврди за Блиц,  директорот на Агенцијата, Владислав Цветковиќ. Агенцијата и претходно се обиде да продаде повеќе компании кои никој не сакаше да ги купи и тие продолжија да пропаѓаат. „ Неодамна беше донесена уредба која овозможува да се понуди за продажба имотот на оние компании по цени од 100 проценти, 50 проценти или 30 отсто од нивната проценета вредност. Која компанија нема да се продаде барем по цена од 30 отсто од проценетата вредност ќе оди под стечај. Покрај тоа, ние ќе се обидеме да им понудиме на клиентите и само делови од имотот. На некој му треба само една хала, но не и цела фабрика. Досега, искуството покажа дека има многу вакви барања на клиенти кои се подготвени да преземат само дел од компанијата“, вели Цветковиќ. Според проценките, во овие 66 компании има 5.600 вработени кои треба да се обезбедат и да им се исплати договорената социјална програма. „Во последната деценија, на компаниите во реструктуирањето беа насочени десетици милиони евра од директните буџетски субвенции годишно, а некои проекции, покажуваат дека кога сите нешта се соберат, преку индиректни и директни субвенции се плаќаат по 500 милиони или повеќе годишно. Овие компании секоја година само акумулираат загуби и неплаќаат даноци, струја и други обврски поради што има дополнителни огромни трошоци од околу 200 милиони евра годишно“, додава Цветковиќ. Според директорот на Агенцијата, за компании кои имаат тековна ликвидност, но и заостанати долгови ќе се донесе одлука или да бидат отпишани долговите или пак ќе плаќаат на рати. Во првата половина на следната година, во Србија треба да започне процесот на преземање на средствата на компаниите во сопственост на државата. Тогаш, вели Цветковиќ,  државата или ќе почне да вложува со стратешките партнери или овие компаниите ќе им се понудат на инвеститорите со јасна дефиниција на инвестиции и обврски за почеток на производството. За оние кои Владата ќе ги прогласи за стратешки важни, државата ќе покрене производство оддлени делови.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот