16 Декември, 2025
0.0274

Српските купувачи, спас за хрватската економија

Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2014 08:08

Добивај вести на Viber

За „раштиманата“ хрватска економија, која тоне се пдолабоко, инвестициите во Србија се покажаа како влакно за спас, пренесува Новости. Минатата година од Србија во Хрватска се изнесени околу 120 милиони евра. Очигледно е дека хрватскиот „поход на исток“ и тоа како се исплатувал. Да не беше тој, сликата од хрватската економија би можела да биде многу поцрна, а хрватските тајкуни многу посиромашни. Во Србија, во последните 15 години, влегоа сите големи хрвтаски играчи од Агрокор, Атлантик груп, Подравка, Винди, Краш, Лура, Кроација осигурување до Нексе група, и инвестирани се повеќе од 600 милиони евра. Речиси 250 хрватски компании, на различен начин, се присутни на српскиот пазар, а за економистот Љубо Јурчиќ, тоа е и максимумот. Додека новите компании ќе доаѓаат, многу постоечки ќе си одат, бидејќи немаат резултати ниту на српскиот пазар. Хрватските економисти, пред некоја година, ја фалеа Европа, гледајќи во влезот во ЕУ шанса најпосле да се одвојат од Балканот. Сега сите молчат, нема повеќе фалење на Европа и оние кои нешто успешно работат во Хрватска, грчевито се свртуваат кон регионот, од БиХ, до Србија и Македонија. Нејмоќните, како Ивица Тодориќ и Емил Тедески, и до сега вложуваа големи пари во Србија, но имаат и нови планови. Особено што работењето во Србија е се уште значително поевтино отколку во Хрватска, бидејќи платите на работниците се и двоструко пониски, а пазарот поголем и поагилен. Но, не е се така сјајно ниту со хрватските инвестиции во Србија. Последните години, дваесетина компании отидоа во стечај или се блокирани, речиси триесетина регистрирани компании не покренале производство и работа, а 25 хрватски компании воделе и водат судски спорови, кои доведоа и до голем пад на активностите. Ако се земе критериумот, дека за успешна компанија се смета онаа која вработува најмалку десет луѓе и има годишен приход од 100.000 евра, тогаш се на се, има 50 сериозни хрватски компании на српскиот пазар. Хрватите, од друга страна, тврдат дека се посериозни и поквлаитетни инвеститори од Словенците, кои вложија помалку пари, а купија повеќе компании и водат помалку грижа за вработените. Хрватите сега, во однос на Србите, се во уште една предност, а тоа е членството во ЕУ. Тоа се покажа и неодамна кај фабриката за тутун Ровињ, која успешно излобира поддршка од ЕК за поповолен пласман на цигарите на српскиот пазар, иако Хрватска истапи од ЦЕФТА. Во наредниот период ќе има и многу повеќе од тоа, бидејќи Хрватска, како членка на ЕУ, ќе има поддршка од Брисел. За секој сериозен проблем на хрватските инвеститори на српскиот пазар, Загреб ќе бара помош и интервенција од Брисел, заклучува српски Новости.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството