05 Декември, 2025
0.0316

Српско жито, македонско вино – соседите пред трговска војна?!

Објавено во: Агробизнис 14 Август, 2013 21:01

Добивај вести на Viber

Ако Македонија до утре не ја повлече мерката за ограничен увоз на пченица и брашно, од Српското министерство за внатрешна и надворешна трговија најавија дека тие ќе настапат со реципрочни мерки за македонските производи. Во прв ред се споменува условување на увозот на македонско вино и зеленчук во Србија. Сепак роковите не се прецизно утврдени. „Детално следиме што се случува во Македонија по ова прашање. Сепак, ние се уште немаме никакви релевантни информации дека Скопје презема било кавов потег за укинување на мерката. Веќе сме во контакт со Министерството за земјоделство, кое е одговорно за контрамерки кои евентуално би се преземале против Македонија ако мерката за условен увоз на брашно и пченица набрзо не се укине. Постапката е дека Министерството за земјоделство да се препише контрамерки ако Скопје не ги испочитува крајниот рок. Значи, во овој случај, бидете сигурни дека ќе ја известиме ЦЕФТА за тоа што Македонија не го направи она што и беше наложено од страна на сите членови“,  изјави Бојана Тодоровиќ, помошник-министер за трговија на Србија за српскот весник „Данас“. На прашањето дали контрамерките против Скопје би можеле да имаат ефект, таа посочува дека ќе се знае на почетокот на следната недела. „На Скопје не му предочивме никаков формален рок во кој спорната уредба треба да се повлече. Меѓутоа, со оглед на тоа што беше донесена одлука пред околу еден месец, очекуваме дека Македонија треба да ја укине одредбата до среда, на 15 август“, додава Тодоровиќ. Мерката со која македонската влада го ограничи увозот на брашно од пченица и Србија стапи во сила на 1 Јули. По состанокот со министерот за трговија, Расим Љајиќ на 10 јули, се покрена иницијатива за укинување на мерката. Со условениот увоз се предвидува дека на секој еден килограм на увезена, македонски увозниците се должни да купат три килограми домашна пченица. Претходно и владиниот портпарол Александар Горѓиев изјави дека мерката ќе биде укината кога за тоа ќе се создадат услови на пазарот. Проблемот меѓу Македонија и Србија се активира речиси секоја година, но годинава за ова прашање беше алармирана и ЦЕФТА.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?