05 Декември, 2025
0.0442

ССМ бара задолжително платено отсуство за работниците на денот на вакцинацијата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Мај, 2021 19:22

Добивај вести на Viber

Владата да донесе задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација. 

Ова го бара Сојузот на синдикатите на Македонија. Тие апелираат до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за казнување на работодавачите кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или денот за имунизација да им се третира како неплатено отсуство.

„Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза“, наведуваат од Сојузот.

Бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа во согласност со мислењето на матичен лекар.

Работниците можат да ги пријавуваат несовесните работодавачи на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: prijavi@ssm.org.mk, како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права.

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?