17 Декември, 2025
0.1195

ССМ: РАБОТНИЦИТЕ СРАБОТИЛЕ 735,5 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА, добиле 5,8 проценти повисока плата

Објавено во: Економија, Македонија 20 Август, 2022 09:57

Добивај вести на Viber

Сојузот на Синдикатите на Македонија во својот пост на Фејсбук страната нагласува дека „100-те најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти“

- Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година - потенцираат од ССМ.
Синдикалците потсетуваат дека Владата и работодавачите бараат поголема продуктивност, а поради политиките на Владата кон работниците и алчноста на работодавачите, на зголемена добивка од 42 отсто од 2020 до 2021 година, им ги зголемиле платите за мизерни 5,8 отсто колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

- За потсетување ова е периодот за кој Државниот завод за ревизија во извешатјот за преземените владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи во Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1.437.005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа до сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи - укажуваат од Синикатот.


Фото: Принскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар