ССМ: За работа во недела дневниците се зголемуваат за 50 отсто, ќе следува друг неработен ден за работникот
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2021 10:11
- Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата и барањето на ССМ – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи: „недела е ден за неделен одмор“.
Според првичниот предлог за законското решение, во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка, а од ССМ додаваат дека дневницата за работа во недела ќе се зголеми за 50 отсто.
- За работниците во дејностите кои ќе припаѓаат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори најмалку за дополнителни 50 % на дневницата и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор, а ССМ укажува дека тој ден треба да биде или денот кој му предходи или му следи на денот недела се со цел да се намалат злоупотребите што се случуваат сега кога на некој работници денот на неделен одмор (недела) им паѓа во среда или во други денови во неделата, откриваат од синдикатот.
Дарко Димовски, претседателот на ССМ, го поздравува пристапот на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и советникот за труд и социјална политика во Владата Милан Живковиќ, кои според него, размислувале како работници и упати благодарност за разбирањето до бизнис-коморите.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




