ССНМ бара одговорност за фирмите кои користеел помош, а не дале плати на вработените
Објавено во: Економија, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Oд ССНМ силно ги осудуваат сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Додаваат дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме. Сметаат дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано и апелираат на следново:
-Управата за јавни приходи, без одложување и во најкус можен рок согласно своите законски овластувања да изврши присилна наплата на платите на работниците во фирмите кои добиле државна финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на плати во месеците за кои ја земале поддршката или исплатиле помалку плата за овие месеци.
-Управата за јавни приходи, во соработка со Државниот инспекторат за труд, а согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување на споменатите работодавачи да им изрече глоба за сторен прекршок и да ги задолжи работодавачите да ги вратат добиените државни финансиски средства.
-Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас против сите работодавачи кои добиле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите работодавачи за сторено кривично дело измама по чл. 247 од Кривичниот законик.
-Владата на Република Северна Македонија како носител на мерката и исплатувач на државната финансиска поддршка јавно да ги објави фирмите кои ја користеле државната финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени.
-Во иднина сите финансиски мерки за помош и поддршка на работниците да им се исплаќаат директно на работниците, а не на работодавачите, за да се избегнат вакви и слични злоупотреби.
•Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ)
•Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ)
•Независен академски синдикат (НАкС)
•Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)
•Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)
•Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)
•Хелсиншки комитет за човекови права
•Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“
•Левичарско движење „Солидарност“
•ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена
•Субверзивен фронт
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.