05 Декември, 2025
0.0377

Стабилна состојбата со земјоделските култури

Објавено во: Агробизнис 14 Декември, 2012 13:26

Добивај вести на Viber

Студениот бран што ја зафати Македонија во последниве три дена со минимални температури до -18 степени не предизвика никакви штети кај есенските посеви поради присуството на снежната покривка која ја имаше скоро на целата територија со различна дебелина, од 2 сантиметра во Демир Капија, околу 15  во Пелагонија, до 53 сантиметри во полошката котлина.

Според агрометеорологот Ангелко Ангелески, состојбата со земјоделските култури засега е стабилна. Првите мразеви се во границите на очекуваното за зимски услови и услови за презимување.

- Промената на времето која следува кон крајот на оваа седмица и почетокот на следната со повисоки температури на воздухот и со врнежи од дожд, ќе ја стопи снежната покривка на скоро сите земјоделски површини со што едновремено ќе се подобри и влажноста во почвата која се уште не е на потребното ниво во одделни региони како Овче поле, за успешно презимување на посевите и другите култури, вели Ангелески.

Отпорноста на есенската пченица во зимски услови и без присуство на снежна покривка е голема. Критична температура што може да предизвика штети е од -16 до -18 степени, додека кај овошките - 25 степени.

- Вакви температури вообичаено и најчесто кај нас се постигнуваат во услови кога има снежна покривка, така што земјоделците во овој период воопшто не треба да стравуваат од досега постигнатите температури на терен. Ваквите временски услови практично го означија крајот на земјоделските работи на отворено, но од друга страна се создадоа одлични услови за тутунопроизводителите за примарната манипулација која се изведува во домашни услови, за што е потребна висока релативна влажност на воздухот која ја имаме во овој момент, вели Ангелески

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?