Добивај вести на Viber
Цената на суровата нафта стагнира, бидејќи пазарот и натаму е притиснат од грижите за слабеење на побарувачката, но од друга страна инвеститорите се надеваат дека американски Фед и Европската централна банка ќе преземат нови чекори за поттик на светската економија.
Во лондон цената на барел сурова нафта изнесува 103,55 долари, што е за околу 50 центи повеќе во однос на вчера, додека на американската берза цената на барелот остана речиси непроменета на 94,49 долари.
Од почетокот на април цената на нафтата падна за 5,9 отсто, и е на пат да забележи најголем месечен пад од мај минатата година, откако слабите економски податоци ги влошија изгледите во врска со нафтената побарувачка.
Сепак, стравувањата во врска со економското закрепнување ги ублажува надежите на инвеститорите дека ЕЦБ и Фед би можеле да ја продлабочат примената на монетарни мерки кои поттикнуваат раст.
Инвеститорите исто така будно ги следат и овонеделните податоци од Кина, вториот по големина светски потрошувач на нафта.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.