05 Декември, 2025
0.0410

СТАН ВО ЦЕНТАР ПРОДАДЕН ЗА 3.000 ЕВРА ЗА МЕТАР КВАДАРАТЕН - еве како се движеле цените по општини

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2025 15:05

Добивај вести на Viber

Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

Од евидентираните 937 продажби од инвеститор во Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал, 845 се за станови, 89 за куќи, а две продажби на гаражи. 

Доколку се направи споредба на продажбата на новоградбите, односно продажбите од инвеститор (стан, куќа, деловен простор, гаража и др.), од третиот квартал со вториот квартал од  годинава каде што се регистрирани 754 такви продажби се забележува раст за 183 проданени новоградби во третото тримесечие. 

Исто така, ако се направи споредба на продажбата на новоизградени станови во овој квартал со вториот квартал од 2025 година каде што се регистрирани 676 продажби на станови  од страна на инвеститор, односно продажби на нови станови, тогаш се забележува раст во третиот квартал  од 2025 година, и тоа за 169 продадени новоизградени станови.

Доколку се разгледа купопродажбата на недвижностите по типови на купопродажба, може да се забележи дека најголемиот број купопродажби припаѓаат на купопродажби на станови, со  32  проценти. Во третиот во однос на вториот квартал од 2025 година има зголемување за 1 еден процент на купопродажбата на станови, односно во вториот квартал тие опфаќаат  31  процент од вкупниот број на купопродажби. 

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, 275 станови, а Битола е со најмногу продадени куќи, 71. Од скопските општни во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош... Во Гостивар се продадени 11 станови, во Охрид 99, во Тетово 84, во Струмица 83,...

Најмногу продажби на деловен простор има во општините  Аеродром и Центар каде што се продадени по 22 вакви недвижности.

Во периодот од 1 јули до 30 септември годинава, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 8.319 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 584 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување. 

Најголем број продажби се регистрирани во јули, 1.829 продажби, а најмногу закупи, 826, се имало во јули. Најголем број продажби од инвеститор, односно продажба на новоградби (стан, деловен простор, гаража и др.) се регистрирани во септември, односно 370 продажби.

Најголем број трансакции се случиле на територијата на општина Центар, односно 611 , во општина Аеродром се регистрирани 515, во општина Карпош  440, општините Кисела Вода и Куманово се со по 349 трансакции и општина Битола 346 трансакции.

Фото: Вангел Тануровски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава