20 Декември, 2025
0.4336

„СТАНАВМЕ ПИТАЧИ, ПАЃАМЕ ВО ТРАНС АКО НЕКОЈ Е НЕЖЕН СО НАС И КАЖЕ НЕКОЈ УБАВ ЗБОР“: Ванковска за извештајот

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2025 08:26

Добивај вести на Viber

И професорката Билјана Ванковска се огласи за извештајот за Македонија. Вели дека не го следи детално, но дека не малтретираат и понижуваат со децении.
Не успевам да го следам оној садомазо чин во ЕП, но знам само едно: не заради тоа што нѐ малтретираат и понижуваат со децении, туку затоа што се тие едни лицемерни профитери и милитаристи, јас никогаш не би сакала да влеземе во Унија што се самоубива, а притоа навива и за уште повеќе војни и смрт.

Тоа го кажав лани за време на кампањата: ваква ЕУ/Европа не е и не смее да биде наша стратегиска цел. Нѐ издресираа (и домашните и западните) елити да веруваме дека нивните трошки значат благосостојба. И станавме питачи. А нашиот идентитет им е мезе на масата. Паѓаме во транс ако некој е нежен со нас и каже некој убав збор. А таа Европа е повеќе налик на онаа блудницата отколку на Ветена земја.

Многу поголем проблем од нивниот однос кон нас е нашиот однос кон себе си. Заблудени со “европска симфонија” (која станала војнички марш), со “европски вредности” (од кои нема ни “в”), ние престанавме да се сакаме и почитуваме. Се води токсична политика внатре, како да е малку отровот од надвор.

Ќе има ли маж или жена да каже: НЕ за ваква ЕУ! ? Тоа нема да нѐ направи помалку европјани, ние тоа сме, ама ни треба приклучок кон вистинската авангарда, антивоените и антикорпорациските пијавици. Нѐ има ама вие, тивкото мнозинство, уште се плашите да кажете “Царот е гол”.

Ѝ се прди на Европа за нас (Горан Стефановски)“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки