Добивај вести на Viber
Стопанска банка АД - Скопје нуди подобрени услови за станбен кредит на своите клиенти. Од први април до 26 јуни банката овозможува добивање станбен кредит без административни и трошоци за проценка.
Редовните административни трошоци изнесуваат просечно 350 евра по клиент, додека трошоците за проценка, изнесуваат 60 евра во просек.
Каматната стапка на станбениот кредит на Стопанска банка од 5,85 отсто и е гарантирана за првите три години за клиентите кои земаат плата преку банката. По истекот на периодот со гарантирана каматна стапка, се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 7,25% годишно, која повторно важи за клиентите кои ги добиваат своите примања преку Стопанска банка. Стапката на вкупните трошоци изнесува 7,23% годишно.