Добивај вести на Viber
„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на БиХ на “Б” со стабилни изгледи. Аналитичарите веруваат дека стендбај-аранжман со Меѓународниот монетарен фонд од септември 2012 е во насока на обезбедување на стабилноста во БиХ.
Според Централната банка, економскиот раст е помал од очекуваното, трошоците за кампањите, како и прекумерното консумирање на пониски нивоа на власт би можеле да претставуваат ризик кога станува збор за постигнување на планираните фискални цели.