17 Декември, 2025
0.0713

„Standard & Poor’s“ го намали рејтингот на 18 италијански банки

Објавено во: Економија 25 Јули, 2013 12:01

Добивај вести на Viber

Агенција „Standard & Poor’s“ вчера го намали со еден степен својот долгорочен кредитен рејтинг на 18 средно-големи италијански банки, вклучувајќи ги и банките „Unione di Banche Italiane“ и „Credito Emiliano“.

Кредитна агенција како причина за оваа одлука ги наведе влошените економски можности на Италија.

„Standard & Poor’s“ го намали за еден степен рејтингот на банките „Unione di Banche Italiane“ и „Credito Emiliano“ до „БББ-“, на банките „Banca Popolare di Milano“ и „Banco Popolare Societa Cooperativa“ до „ВВ“ и на „Banca Carige“ до „ВВ-“.

Другите банки, погодени негативно од одлуката на Агенцијата се „FGA Capital“, „Iccrea Holding“, „MedioCredito Centrale“, „Banca Popolare di Vicenza“, „Veneto Banca“, „Banca Popolare dell’Emilia Romagna“ и „Unipol Banca“.

- Италијанските банки работат во средина со повисоки економски ризици што ги прави незаштитени од евентуална подлабока и подолга рецесија во Италија, отколку што очекувавме претходно - се наведува во соопштението на кредитната агенција.

Од „Standard & Poor’s“ додаваат дека банките се соочуваат со тешки оперативни услови, кои можат да ги ослабат во иднина нивните финансиски профили и најмногу во однос на квалитетот на финансиските средства, капитал и профит.

Агенцијата истакна дека изгледите за кредитниот рејтинг на сите италијански банки остануваат „негативни“.

Оваа одлука на „Standard & Poor’ѕ“ е факт, откако претходно овој месец таа го намали суверениот долгорочен кредитен рејтинг на Италија од „БББ“ на „БББ +“, задржувајќи ги „негативни изгледи“ за можно ново намалување.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас