24 Ноември, 2024
0.0247

Станковски: Сточарите се пред комплетен пропаст, откупот на јагнињата пред Велигден со очајни цени

Објавено во: Агробизнис 07 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Голем број на сточари од различни региони се жалат на премногу ниските откупни цени за нивните јагниња пред големиот христијански празник Велигден. Откупувачите не даваат повеќе од 100 денари за килограм со што само нивните трошоци не можат ни да се покријат, а уште помалку па нешто и да заработат за да опстанат. Цените се премногу ниски ако се види дека продажната цена на јагнешкото месо во месарниците изнесува околу 330 денари во просек, а до празникот и ќе се зголемува. Дека проблемот е навистина сериозен ни кажува и Љупче Станковски, претседателот на земјоделското здружение Агро Фаланга кој од постојаниот контакт со сточарите директно на терен исто така изразува огромна загриженост.

Фактор: Повеќе сточари од различни делови на Македонија почнаа да се жалат на ниските откупни цени на јагнињата. Зошто оваа година откупната цена е многу ниска?

Станковски: Главна причина што килограм живо јагне се откупува за смешни цени е недостатокот од конкуренција, или поточно веќе воспоставен монопол од еден откупувач во еден регион. За да се спречи појавувањето на било каква конкуренција, која би понудила пофер цена за нашето надалеку прочуено јагне, се вршат разни опструкции, притисоци, одбивање на услуга за колење во најблиските кланици, со што на секој начин би се спречил обидот да се продадат јагнињата на друг откупувач.

Фактор: Како сточарите може да се заштитат во вакви ситуации кога се соочуваат со нефер услови кои може целосно да го нарушат пазарот?

Станковски: Една од можностите е самостојно организирање во поголеми групи на сточари кој со своето производство од поголем обем би можеле да настапуваат на пазарот како деловни субјекти, и да го договараат своето производство за однапред договорен откупувач од страна.

Фактор: Како во минатите години се регулирале цените на откуп на јагнињата. Доколку се вистинити информациите дека откупувачите сега нудат до 100 денари за килограм дали тоа значи дека сточарите ќе бидат во најнеповолна ситуација?

Станковски: Сточарите во оваа ситуација се пред комплетен пропаст. Бидејќи производството на млеко изискува многубројна работна рака, голем дел од нив се преориентираат само на производство на јагне. Со смешна цена од 2000 денари за јагне од 20 килограми тие не можат да си ги покријат производните трошоци. Многу од нив  побараа купувачи за нивните стада. Доколку продолжи овој вештачки створен монопол на откуп, кој се граничи со организиран криминал, деновите на нашето сточарство се одбројани.

Фактор: Доколку нема соодветен откуп во Македонија дали на сточарите им преостанува да се решат на извоз или пак тие не се доволнo моќни поединечно на таков чекор?

Станковски: Постојат форми на здружување кој би им помогнале на сточарите во тој поглед а тоа се задругите. Сепак тие кај нас не постигнаа никаков подем во вид на окрупнување на нашето расцепкано земјоделско производство. Сепак со многу труд и волја може да се постигне многу со задругите, а тој е и единствениот модус со кој може да му се застане на патот на страшниот монопол кој е створен во откупот на нашето домашно јагне.

Фактор: Што предвидувате за конечната цена на јагнешкото месо во пресрет на Велигденските празници?

Станковски: Самиот празник не може многу да смени. Сточарите можат нешто да продадат од дома по понормална цена, но тоа не може да ги покрие нивните загуби. Мачната 2017 долго ќе ја паметат.

Автор: Христијан Станоевиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку