20 Декември, 2025
0.0394

Станoјковска за aeрозагадувањето:Тешката индустрија мора да е подалеку од населените места

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018 07:26

Добивај вести на Viber

Светлана Станојковска, еколошки активист од Пробиштип смета дека властите без изговори треба да преземат повеќе мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

Големите градови како Скопје, Тетово, Куманово, Битола се топ тема кога е во прашање аерозагадувањето, но во Пробиштип мерења нема за да се знае дали и таму има загадување и до кој степен.

„Во Пробиштип има контаминирани почви,  а секаде каде што има загадени почви има и аерозагадување. Да се постави софистициран мерен инструмент во индустриската зона кој ќе биде мониториран од Министерството за животна средина и просторно планирање и да прекине праксата нема резултати - нема реакција од граѓаните -нема загадување. Инспекторите да ги засилат контролите,  да се воведе втора и трета смена таму каде што има загадувачи со А -интегрирана еколошка дозвола, да има 24 часовен  мониторинг на загадувачите.  Да  се зголеми бројот на инспекторите. Да се донесе закон за почви. Да се донесе законот со измените за минерални суровини. Да се донесе закон со кој Г1 - тешката загадувачка индустрија ќе се гради на растојание од 10-15 км од населени места. Тешката индустрија надвор од градовите и населените места. Секако акцент се става на загадувачите. Горе долу тоа би биле мерките, иако ма многу да се пишува за Пробиштип и загадувањето“, вели Станојковска.

Во Македонија загадениот воздух си го зема данокот, а најголема смртност поради аерозагадувањето има во Тетово.

Учениците во овој град веќе најавија дека ако за недела дена локалната власт не реагира, и не преземе мерки за намалување на загаденоста на воздухот, ќе ја бојкотираат наставата.

Од граѓанската иницијатива Излези за чист воздух од Куманово велат дека со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки треба да се преземат мерки за почист воздух. Краткорочни се забрана за движење пар непар, забрана за движење на автомобили во централниот градски прстен барем за викенд, мораториум на градежни активности и друго. Среднорочни се да се поттикне користење на јавен транспорт и велосипеди, подигање на еколошка свест кај ученици, поставување на плински уреди во автомобили. Долгорочно да се регистрираат домаќинства кои користат печки на дрва, употреба на соларни панели во згради на јавни претпријатија и училишта, контрола на работа на депонијата и други мерки.

„Правото на воздух е право на живот. Како свесни и совесни граѓани и жители на општина Куманово не смееме да останеме индиферентни кон ова ургентно прашање“, вели Милош Стаменковиќ од иницијативата.

Македонија е на столбот на срамот кога е во прашање загаденоста, и во регионот и пошироко. На мапата  на најзагадени градови во светот, Скопје во саботата беше 10-ти, а вчера се искачи на 7 место. На оваа „црна“ листа сериозни конкуренти на Скопје му се Приштина и Сараево, кои редовно котираат високо. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки