02 Мај, 2024
0.0333

Становите во Софија поефтини од Скопје-835 eвра за м² просечна цена

Објавено во: Балкан, Економија 10 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Според податоците на Брокерите во првиот квартал на 2016 година просечната цена на продадените станови во Софија е 835 евра за метар квадратен. За споредба во последниот квартал на 2015 година имотите се движеле по цена во просек 815 евра за метар квадратен, а една година порано цената им била  770 евра за метар квадратен. Во оваа година брокерите очекуваат 10% поскапување на становите во главниот град на Бугарија.

Од 800 евра за метар квадратен започнуваат цените на „зелените“ куќите (еколошки) и надминуваат 2.000 евра за метар квадратен .Најчесто купувачите се млади семејства, како и луѓе над 40 години со стабилен бизнис и приход, покажува извештајот на брокерите објавен во бугарските медиуми.

Тие претежно купуваат станови за сопствена употреба и за инвестиција. Чести купувања има од Бугари кои живеат во други градови на земјата, како и во странство, соопштувааѕ од агенцијата за недвижности „Bulgarian Properties“. Областите во главниот град, во кои трансакциите се поактивни, се „Витоша“, „Гео Милев“, одделни делови на јужни области и „Младост“, „Исток“ и „Изгрејсонце“.

Нови 7806 домови се изградени и пуштени во употреба во 2015 година, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика на Бугарија. Тоа е со 2187 станови помалку во однос на 2014 година и покрај општиот пад минатата година се зголемил за 45 бројот на изградените петдобни станови.

Според брокерите во последните години се повеќе клиенти претпочитаат да купат станови со повеќе спални. Во првото тримесечје од 2016 година, просечната површина на купените имоти е 90 квадратни метри.

Како е во Македонија?

Продажната цена од 979 евра за метар квадратен е упросечена продажна цена низ целата држава, вклучувајќи го и Скопје, каде што по правило цените на становите се највисоки.

„Резиденцијалниот пазар бележи зголемување на бројот на реализирани продажби за 10% споредено со првата половина од 2015 година. Просечните пазарни цени остануваат стабилни на нето 979 евра за еден метар квадратен (просек за сите општини на територијата на град Скопје)“, изјави неодамна Влатко Богоевски, генералниот директор на Фортон Македонија.

Според анализата на Фортон пазарот на деловен простор на име издадена површина во споредба со 2014 бележи зголемување од 13,3 отсто.

Компании кои најмногу издавале станови се споменуваат компаниите од Телеком, ИТ и аутсорсинг индустриите. Што се однесува на цените за бизнис центрите на примарни локации се движат од нето 11 до 15 евра за еден метар квадратен.

Од оваа консултантска агенција велат дека нивните очекување се раст на интересот за купување на станови.

Во поглед на цените не се очекуваат промени и најверојатно ќе останат стабилни како и досега.

Вкупно 947 одобренија за градба или 3667 нови станови во Скопје во наредниот период се издадени според статистиката на Државниот завод за статистика меѓутоа не се очекува 100% реализација на сите одобрениjа на градба во разумен рок за изградба.

Од ФОРТОН посочуваат дека според бројот на реализирани трансакции веруваат во стабилен резиденцијален пазар во 2016 год.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат