04 Мај, 2024
0.0275

Стапува на сила правилникот за материјали и производи во контакт со храна

Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

 Правилникот за материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, стапува од денеска.

Според правилинкот опфатени се општите барања за материјалите кои компаниите ги користат при манипулирањето со храната, гума, пластика, дрво, стакло, синтетички смоли, премази, восоци, силикон....

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека  барања за одобрување и авторизација на вакви материјали и производи доставиле преку 100 компании, производители и увозници.

При манипулацијата со храна се дозволени пластика, стакло, дрво, но има одредени барања што  производителите или увозниците треба да ги исполнат за да добијат позитивно мислење од АХВ.

- Од поднесените барања на операторите со храна досега се решени 31, а за неколку  од нив Агенцијата е во постапка на завршување зашто  недостига одредена документација. Ако биде одбиено барањето заради неисполнување на условите, на компаниите нема да им биде дозволено користење на материјалите. Доколку, пак, бидат затекнати дека го користат производот без оодбрување, ќе следат парични санкции, велат од АХВ.

Разгледаните барања не предизвикале дополнителни финансиски оптоварувања  за фирмите, но тоа е можно за оние што нема да добијат одобрувања бидејќи ќе мора  да ја сменат амбалажата.

 Според најавите на АХВ се до крајот на годинава ќе биде изготвен и правилникот  за нови технологии и материјали т.н паметни материјали со што ќе се заокружи целата рамка  во делот на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?