Старец од Матејче се задуши од чад, му се запалил домот
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Жител на липковското село Матејче починал вчера откако се задушил од чад во пожарот кој избувнал во неговата куќа.
Вчера во 19.30 часот во куќата на 75-годишниот Ш.М од засега непознати причини избувнал пожар во кој биле зафатени две соби, информираат од полицијата. Телото на починатиот е пронајдено во бањата. Лекар од медицинска помош констатирал смрт предизвикана од вдишување чад.
Од територијалната Противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 19.45 часот. Таму се упатиле противпожарни екипи кои го ставиле пожарот под контрола во 21.45 часот.