Стартува македонската берза за електрична енергија, со просечна цена од 115 евра од мегаватчас
Објавено во: Економија 10 Мај, 2023
Македонската берза за електрична енергија денеска по првиот ден од стартот на својата работа формираше референтна цена од просечни 115 евра, што е само за 3 евра помалку од денешната цена на интернационалната референтна берза HUPX.
Денеска македонската берза стартуваше со присуство на голем број на гости, пред се од бизнисот и енергетскиот сектор. Директорот на МЕМО, Симон Шутиноски, фирмата-ќерка за организиран пазар на струја на МЕПСО, која пет години го организираше воспоставувањето на берзата, рече дека е задоволен од исходот во првиот ден од тргувањето.
- Тргувањето заврши безбедно, без никаков проблем. Истргувани се околу 500 мегаватчасови, по 20 мегаватчасови во просек по поединечно тргување, додека просечната цена што е постигната на крајот од тргувањето е 7.125 денари. Денеска тргуваа 20 компании, а склучени договори со МЕМО за користење на платгормата имаат 22. Ќе имаме понатаму пореална џена и стабилизирање на пазарот, ги соопшти резултатите Шутиноски.
Денеска тргуваа компаниите Сентраде, Дуферко, AOT Македонија, Елнор, ЕСМ Продажба, ГЕН-И, ТЕ-ТО АД Скопје, Интеренерго, РЕС, Макстил, ЕФТ, АД МЕПСО, Енерџи Активе, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, Универсал Енерџи, ЕДС, ЕТМТ Енерџи и АД ЕСМ. Интерес пројавиле и други компании, а со нив ќе се разговара во претстојниот период.
- Им благодаран на сите домашни експерти, на Секретаријатот на енергетскат заедница и САД за помошта. Пазарот станува динамичен и понатаму ќе се поврзе со конкурентските пазари од регионот. Со активно купување и продавање конечно ќе се добие референтната цена, порача Битиќи пред присутните.
Заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Ерик Мејер,рече дека берзата не е крајната цел, туку дека таа треба да стане дел од организираниот европски пазар преку паневропскиот модел.
- Направен е голем и важен исчекор. Сите покажаа посветеност за тоа да биде можно. САД ќе ја помогне понатамошната нејзина интеграција. Меѓутоа, учеството мора да продолжи да биде активно во тргувањето, истакна Мејер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.