18 Декември, 2025
0.1049

Стартува Mobile World Congress 2013, најголемиот саем за мобилни технологии

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2013 10:58

Добивај вести на Viber

Директори и основачи на најважните играчи од индустријата за мобилна технологија ќе ги претстават своите последни достигнувања на најголемиот светски саем за мобилни технологии Mobile World Congress 2013 кој денеска започнува во Барселона. Како и секоја година на овој Саем секоја година најголемите светски производители ги претставуваат најновите мобилни телефони, нови оперативни системи и мобилни решенија. Под слоганот “Истражете го новиот мобилен хоризонт“ од 25 до 28 февруари во новиот објект Fira Gran Via, на 240 илјади квадратни метри  што е за 50% повеќе од минатата година, ќе има доволно простор за сите заинтересирани за светот на мобилните технологии. Годинава се очекуваат 70 илјади посетители. На Mobile World Congress 2013 ќе се претстават Сименс, Нокиа, АТ&Т, Дојче Телеком, Ериксон, Водафон, Телефоника и многу други телекомуникациски гиганти, кои ќе дебатираат за иднината на индустријата, за клауд технологиите, за иднината на комуникациите и за продорот на мобилните технологии и нивното алицирање во ралични дејности, како што се здравство и образование. Учесниците на овој настан ќе имаат прилика да го следат и Mobile World Live TV каналот кој ќе се емитува во 100 хотели во Барселона во кои се сместени посетитетите на MWC. Од содржините на настанот, App Planet  е програма која се одржува четврта година по ред и ги спојува софтвер девелоперите од целиот свет, додека  "mPowered Brands" ќе им послужи на сите оние кои сакаат да слушнат нешто за напредните техники на рекламирање и огласување. GSMA семинарите, пак, најмногу се концентрираат на поврзување на уредите, програмирање и развој на мобилната индустрија во последнава година.  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина