20 Мај, 2024
0.0386

СТАРТУВА НОВАTA УЧЕБНА ГОДИНА: Ќе трае подолго од претходните, ама учениците ќе имаат и пролетен распуст

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Денес стартува учебната година за над 200 илјади основци и средношколци. Новина во оваа учебна 2023/2024 година е воведување на уште еден распуст, но и крајот на учебната година. Имено, со одлука на Владата, учебната година првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10 јуни, а покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024.

Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение и поради тоа се изработуваат нови учебници.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека доцнење ќе има само на учебниците за  шесто одделение кои се во фаза на одобрување и очекува да бидат испорачани во текот на септември. 

- Учебниците за трето одделение се одобрени и во тек е постапката за печатење и доставување. За сите предмети се одобрени и се во фаза на техничко-графичко регулирање и во печатење. Така што денеска, утре, на почетокот на неделата, тековно ќе се доставуваат. Истото ќе се случи и со учебниците за шесто, кои се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија за учебници. Потоа може да има жалбена постапка од одредени автори, но до крајот на септември тие ќе бидат доставени до сите ученици - рече Шаќири вчера на прес-конференцијата по повод новата учебна година. 

Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за трето и шесто одделение, кои ги изработи Бирото за развој за образованието,  наменети и за учениците и за наставниците, и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.  

На новинарско прашање дали чувствува одговорност за доцнењето на учебниците, Шаќири посочи дека нема одговорност кај него и дополни дека тој како министер ја има завршено целата постапка на крајот на јули, кога е донесена одлуката за економски оператор за печатење и дека не учествувал во постапките на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и во мислењето на рецензентите. 

- Не можам да имам одговорност за постапките кои не зависат од министерот за образование и наука. МОН веднаш кога добива одлука за печатење учебник, тоа се завршува во законските рокови - додаде Шаќири. 

Во однос на средното образование, информираше дека само во една година се одобрени 150 учебници, најголем дел во стручното образование, и тие етапно ќе се печатат и доставуваат до учениците во тираж којшто го пријавуваат самите училишта. Овие учебници се достапни и во електронска форма односно на страницата на Педагошката служба и прикачени на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk. 

Покрај пролетниот распуст и продолжената учебна година, новина е и примената на нов е-дневник, изготвен со поддршка на ЕУ преку ИПА-фондови. Тој е во фаза на тестирање и, како што соопшти Шаќири, паралелно се прават обуки на администрацијата во 40 училишта во кои ќе се примени како пилот-проект додека се потврди неговата функционалност.  

Во новата учебна година ќе има и нови безбедносни мерки во училиштата. Шаќири соопшти дека со Министерството за внатрешни работи ги дефинираат, како што рече, „потребните насоки за сите училишта и сите ќе бидат известени од страна на МВР“.

Со Министерството за финансии, пак, МОН преговара за процент за усогласување на платите со минималната во државата, што ќе биде дополнителен приход покрај 10-те отсто кои на вработените во образованието, како и на другите во јавниот сектор, ќе им следуваат со Општиот колективен договор. 

По најавата за штрајк од Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), ресорниот министер порача учениците да не се користат како инструмент поради незадоволството од платите. 

- Нека најдат кој било друг инструмент ако не се задоволни, само тоа да не бидат учениците, а јас како министер кажувам дека од 1 септември ќе имаат повисоки плати - рече Шаќири.

Додаде дека за една година, со сите етапни покачувања, платите на наставниците кумулативно се зголемени 35 проценти и дека тоа не е направено повеќе од 20 години.

- Ќе продолжиме со повисоки плати и од овој 1 септември. Покачување ќе има согласно Општиот колективен договор, како што ќе добијат сите вработени во јавниот сектор, вклучително и образование, и одреден процент кој го преговараме со Министерството за финансии за усогласување со минималната плата. Ако вака продолжиме со новиот модел на Општиот колективен договор, секоја година ќе се добиваат повисоки плати - истакна Шаќири. 

По денешниот старт на учебната година, наставата ќе трае до 29 декември кога завршува првото полугодие. Од 30 декември учениците ќе бидат на зимски распуст, а второто полугодие од оваа учебна година ќе го почнат на 22 јануари. 

Можеби ќе ве интересира

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода