Стартува поврат на данок за земјоделците
Објавено во: Агробизнис 18 Декември, 2019 06:27
Од денеска 17.000 земјоделци може да си бараат поврат на данок.
Повратот се однесува за приходот од продажба на земјоделски производи кои земјоделците го оствариле во 2018 година, а повратот на парите ќе почне да се прави од утре и исплатата ќе се врши неколкукратно.
Во согласност со законската регулатива, земјоделците кои во текот на една година имале доход од продажба на сопствени земјоделски производи кој не го надминал износот од 1.000.000 денари и кои немаат друг приход што се оданочува, имаат право на враќање на платениот данок до 20.000 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





