Добивај вести на Viber
Агенцијата за храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија почнува реализација на проект „Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната
Почетокот на проектот, кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за заштита на потрошувачите, ќе биде означен во Тетово и Гостивар.
Ќе бидат промовирани и информативни и едукативни летоци наменети за потрошувачите кои се однесуваат на општите и посебните означувања на храната, означување на адитивите, читање на означувањето на прехранбените производи, означување на ГМО храната, означување на алергени состојки во храната, како и истакнување на нутритивните и здравствените тврдења.
Во Гостивар ќе се одржи и трибина на која потрошувачите и операторите со храна ќе се информираат за состојбата со примена на ХАЦЦП системот во производсвото и прометот со храна, улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство во синџирот на безбедноста на храната, одговорноста на операторите со храна, вршењето на инспекциски надзор над храната од домашно производство и од увоз, а подетално ќе се информираат и за општите и посебните барања за означување на храната.
На трибината ќе присуствуваат претставници од Агенција за храна и ветеринарство, инспекцијата за храна, официјалните ветеринари, лабораториите со седиште во локалната самоуправа, операторите со храна, како и претставници на локалната самоуправа, Организацијата на потрошувачите на Македонија, образовни институции и здруженија на граѓани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: